Оваа сезона нуди најдобра понуда на квалитетни кожни длабоки чевли, во кои ќе ви биде пријатно и топло од есен до зима.
Најомилениот пар на чевли во машката гардероба се класичните црни или кафени, најчесто од кожа кои се вклопуваат со другите аксесоари, иако се повеќе мажи денес бараат модерни бои и нијанси. Разновидноста е толку голема што им остава простор на сите да изберат според нивниот вкус и стил.
Луксузните брендови на чевли оваа сезона предлагаат длабоки чевли/чизми на врзување. Цврстите кожни планински чизми веќе ги преплавија тротоарите на модните метрополи во светот.
Некои од најдобрите модели доаѓаат со потписите на Berluti, John Lobb, Bruno Magli и Stefano Bemer.
Stefano Bemer и Bruno Magli на своите модели на чевли им даваат атрактивност креирајќи ги од зрнеста кожа, ултра лесен ѓон или инсерти од антилоп кожа. Воедно, бидете сигурни дека овие модели на чевли долго траат.
Berluti Brunico Bolzano Calf Leather Boot
Stefano Bemer 7500 Horsefront Hunterboot
Bruno Magli Caruso Boots
John Lobb Helston Boots