Оваа сезона нуди најдобра понуда на квалитетни кожни длабоки чевли, во кои ќе ви биде пријатно и топло од есен до зима.

Најомилениот пар на чевли во машката гардероба се класичните црни или кафени, најчесто од кожа кои се вклопуваат  со другите аксесоари, иако се повеќе мажи денес бараат модерни бои и нијанси. Разновидноста е толку голема што им остава простор на сите да изберат според нивниот вкус и стил.

Луксузните брендови на чевли оваа сезона предлагаат длабоки чевли/чизми на врзување. Цврстите кожни планински чизми веќе ги преплавија тротоарите на модните метрополи во светот.

Некои од најдобрите модели доаѓаат со потписите на Berluti, John Lobb, Bruno Magli и Stefano Bemer.

Stefano Bemer и Bruno Magli на своите модели на чевли им даваат атрактивност креирајќи ги од зрнеста кожа, ултра лесен ѓон или инсерти од антилоп кожа. Воедно, бидете сигурни дека овие модели на чевли долго траат.

Berluti Brunico Bolzano Calf Leather Boot

Stefano Bemer 7500 Horsefront Hunterboot

Bruno Magli Caruso Boots

John Lobb Helston Boots

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТри есенски модни класични парчиња!
Следна објаваНајдобри идеи за креирање на индустрискиот стил во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР