Новиот креативен директор на Каролина Херера, дизајнерот Вес Гордон, ја лансираше својата прва Ресорт 2019 колекција, наоѓајќи инспирација во ликот и делото на оваа легендарна модна дизајнерка.
Во колекцијата доминираат долги фустани од проѕирна свила, класични женски костуми со неочекувани бои и крзнени палта покриени со срца. А тука се и ефектните детали како обетки и и брошиви од блескави перли и шапки како оние што биле видени во педесеттите години, во американски предградија.
Кога станува збор за боите во новата Ресорт 2019 колекција, таа го следи препознатливиот спектар кој се движи од интензивни нијанси на циклама преку медитеранската мандарина до нежни пастелни тонови од сино и розево, создавајќи совршена комбинација на модерна хармонија која сјае со автентична женственост и меки ткаенини.