Новиот креативен директор на Каролина Херера, дизајнерот Вес Гордон, ја лансираше својата прва Ресорт 2019 колекција, наоѓајќи инспирација во ликот и делото на оваа легендарна модна дизајнерка.

Во колекцијата доминираат долги фустани од проѕирна свила, класични женски костуми со неочекувани бои и крзнени палта покриени со срца. А тука се и ефектните детали како обетки и и брошиви од блескави перли и шапки како оние што биле видени во педесеттите години, во американски предградија.

Кога станува збор за боите во новата Ресорт 2019 колекција, таа го следи препознатливиот спектар кој се движи од интензивни нијанси на циклама преку медитеранската мандарина до нежни пастелни тонови од сино и розево, создавајќи совршена комбинација на модерна хармонија која сјае со автентична женственост и меки ткаенини.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCaffe bar за сите љубители на кучиња!
Следна објаваChristian Louboutin – чизми до глужд есен/зима 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР