Секоја земја има храна која е карактеристична за неа, не дека таа храна ја има само таму, туку истата претставува асоцијација за таа земја. Ви претставуваме мапи од храна создадени од страна на Caitlin Levin и Henry Hargreaves, кои биле водени од нивната страст за патување. Тие сакаат да патуваат и да ги истражуваат местата преку храната за која сметаат дека најчесто е портал за културната комплексност на тоа место. Токму затоа, тие создаваа мапи на повеќе земји со храна карактеристична токму за тие земји. Италија е полна со домати, Франција со леб и сирење, Австралија со ракчиња и сл. Зарем постои нешто поуниверзално од храната? Погледнете за што станува збор.