„New York Up & Down“ е прекрасна серија фотографии на 80-годишниот фотограф Frank Horvat кој ни го нуди Големото јаболко преку фотографии во времето на ’80тите. Повеќете фотографии се направени помеѓу 1982 – 1986 година со Nikon SLR апарат.
„Многупати од 1959 до 1962 година се враќав во Њујорк, најчесто на две-три недели со цел да направам модни фотографии. Бев емоционално поврзан со Њујорк затоа што тој отсекогаш бил романтичен и брз град, за да сфатам дека морам да го фотографирам и неговото секојдневие.
Издигнувања и падови, како разлика меѓу темнината на метрото и светлината која се гледа од облакодерите. Се се менува брзо, од ден во ден, па дури и во минута. Њујорк може да те разочара и воодушеви, да те натера да триумфираш и да не успееш, да те исполни и да те порази, истовремено.“