Класичните рамки за слики одамна не се во мода. Зафаќаат премногу место, треба постојано да се брише прашина, како и фактот што е невкусно да се чуваат премногу рамки за слики во една соба.
Затоа, ние имаме навистина едноставно решение за креирање на еден потсетник кој ќе ве врати во убавите моменти и ќе ги колектира сите спомени видливо.
За правење на еден ваков потсетник потребно е:
- празна кутија од чевли (или друг тенок картон);
- ножици;
- молив;
- темперни боици;
- четка;
- дрвени штипки;
- парче шарена ткаенина;
- силиконски лепак и
- многу ентузијазам.
Процесот за изработување е многу едноставен, можете да го видите на фотографиите.
Убавината во овој потсетник е тоа што не мора да се користи само за фотографии, туку и за цртежи на Вашите деца или за кратки пораки до семејството.