Кога првпат ја здогледала, сопственичката на оваа прекрасна куќа останала воодушевена од нејзиниот магичен изглед. Денес, пак, нејзината кантри идила изгледа поволшебно од кога и да е. Иако е комплетно реновирана и преуредена, задржана е есенцијата на рустичниот стил во градбата, во која вистински предизвик е да одлучите што повеќе ве примамува во амбиентот: дали е тоа старинскиот шарм на ретро мебелот и антиквитетите, или, пак романтичната атмосфера која ја создаваат мноштвото цветни декорации и дезени. Уредена е со многу љубов и душа, па во секое катче се чувствува топлина, живост, позитивна енергија и радост, внесени преку внимателно избраните детали. И во ентериерот, и во надворешноста се празнуват убавите ведри бои и сончевата светлина, гарантирајќи уживање во текот на целата година. Нежните флорални мотиви ја пресликуваат природата во внатрешноста, а големите прозорци и пристапот до живописната градина, комплетно ја доближуваат со се’ она што се случува надвор.
Кантри куќа со ретро детали
Во секое катче се чувствува топлина, живост и позитивна енергија.