Одамна се согласивме дека вистинската љубов нема век на траење. Lauren Fleishman е уште еден фотограф кој со фотографии го докажува тоа. Lauren создава серија фотографии на двојки кои живеат 50 години заедно, во Њујорк. Во свет каде што разводот е во „мода“ и има загрижувачки нагорен тренд, оваа серија фотографии „Љубов засекогаш“ е потсетник дека вистинската љубов сеуште постои.
Испирирана од збирка на љубовни писма испраќани меѓу нејзините баба и дедо, создава емотивни фотографии кои ќе Ви ја вратат вербата во љубовта.