Се ближи финалето на XFactorAdria. На 23ти Март конечно ќе го знаеме победникот на ова шоу, кое веќе седум месеци го тресе целиот Балкан.
Минатата вечер, XFactorAdria се потсеќаше на убавите и на најзабавните моменти кои го обележија шоуто.
Ана Михајловски Грубин истакна дека сите: Србија, БиХ, Македонија и Црна Гора го обожаваат XFactorAdria, но дека Македонија се истакнува на ова поле, со доделувањето на наградата “Златна Бубамара за најдобар проект на Балканот”. Од самото доделување беше прикажан исечок.
Останаа петмина финалисти (или величенствени, како што беа наречени минатата ноќ) и тоа Даниел Кајмакоски, Тамара Милановиќ, Маид Хеќимовиќ, Лукијан Ивановиќ и Доктори.
Единствено ни преостанува со нетрпение да го чекаме 23ти и секако да гласаме за Даниел.