Дизајн-студиото со потекло од Истанбул – Fikr’et, чии креативни умови работат под водство на илустраторот Ethem Onur Bilgiç создадоа неверојатна серија обележувачи за книги, поврзани со романите според нивната приказна и тема.
Серијата брои 4 обележувачи од 4 книги, така што од кај Орвел ѕирка камера, опашка од риба излегува од „Моби Дик“, дел од подморница се забележува од „20 милји под морето“ и дел од октопод се наѕира кај Лавкрафт.