Како ќе изгледаа градбите создадени од најголемите уметници на 20-тиот век, доколку наместо кон уметноста, својата љубов ја насочеа кон архитектурата? Одговорот на ова прашање го дава одличниот дизајн на италијанскиот архитект, уметник и илустратор Федерико Бабина, кој направи серија архитектонски реинтерпретации на повеќе познати дела од славните уметници, како Дали, Пикасо, Мондријан, Лихтенштајн, Хирст, Малевич, Ворхол, Дишан…Збирката насловена ,,Archist’’ содржи 27 илустрации, на кои иконските уметнички дела се трансформирани во импресивни архитектонски форми, покажувајќи колку всушност е тенка линијата помеѓу уметноста и архитектурата. Уживајте во архитектурата инспирирана од уметничките дела на столетието!