Фотограф од Истанбул, со седиште во Берлин познат како INVIVO (Oz) меморира прекрасни погледи во повеќе градови, како Амстердам, Берлин, Стокхолм и други. Тој не е професионален фотограф, но како за студент на неврологија мора да признаеме дека добро му оди.
Љубовта кон фотографијата ја добил за време на своите патувања, во моменти кога се наоѓа на прекрасни места. Сака да го овековечи моментот и секогаш кога ќе посака да може да се врати на тоа место во исто време преку фотографијата.