Leonid Afremov е сликар роден во 1955 година, во Белорусија, а моментално живее и твори во Мексико. Во текот на своето творење се обидел со различни техники на сликање, но карактеристично за него е сликањето со масло и палетен нож. Секое дело е резултат на долг процес; од креативно раѓање, до реално создавање. Секоја слика носи различно расположение во себе, со силни бои и емоции.
„Моето срце е отворено за уметност. Уживам во уметноста и сите слики произлегуваат од дното на моето срце. Верувам дека уметноста е најдобриот лек за ослободување од депресија и чувството на монотонија.“
Моментално делата на Afremov се распространети низ светот. Може да наидете на негово дело во САД, Израел, Италија, Франција, Англија, Шпанија, Норвешка, Канада, Австралија и многу други земји.