William Adolphe Bouguereau e познат француски сликар кој живеел во периодот од 1825 до 1905 година. Во своите дела тој се користи со митолошки теми правејќи модерни интерпретации на класичните предмети со акцент на човековото тело, најчесто на телото на жената. За време на неговиот живот тој уживал во значителна популарност во Франција и САД, добил бројни признанија за неговата работа, но како типичен сликар во тоа време тој бил и навредуван од импресионистите. Ние Ви претставуваме само мал дел од неговите дела.