Прекрасна анимирана љубовна приказна за еден млад човек кој живее внатре во билборд. Тој ја има контролата над сите билборди и е задолжен за нивно ажурирање. Се вљубува во девојка која живее покрај автопатот и прва идеја што му паѓа на ум, е да ја искаже својата љубов преку рекламирањето. За жал годините минуваа, а тој не ја менува првата идеја иако е неуспешна. Остарува сам без да ја доживее љубовта. Разочаран од рекламирањето и неговите ефекти тој ја го урива својот „дом“, што му помага конечно да се најде лице во лице со саканата и да ги изговори фамозните два збора „Те сакам“. Не заборавајте, времето минува, директно кажете што чувствувате.