Многу примери досега докажаа дека мачките и книгите се совршена комбинација. Neil Gaiman го потврди истото со неговата приказна за Коралина, дека мачките владеат со светот – инспирираат приказни, дизајни, мебел, научни студии, фото-серии… па дури имаат и свои острови.
Беше прашање на време кога некој ќе им посвети книга, всушност списание кое го носи насловот Cat People, дизајн-образовна публикација која ќе направи срцата на љубителите, односно сопствениците на мачки да чукаат побрзо. Креирано од Jessica Lowe, уредник од Мелбурн; оваа карактеристична посвета вклучува збир на илустратори, дизајнери и фотографи, како и интелигентни интервјуа од вљубениците на мачешкиот род од целиот свет.