Како крајот на благата зима се ближи, така цветаат лалињата во Холандија. Неверојатните бои, прекрасната разновидност во оваа земја на еднаквоста и слободата, како шарени килими ги красат полињата. Многу туристи ја посетуваат Холандија во периодот од први, до дваесетти Март за да украдат дел од инспирацијата на оваа неверојатна земја. Ретки се оние кои сфатиле дека колку повеќе инспирација се зема од неверојатната Холандија, толку повеќе таа има да понуди.
Во овој период, пролетта почнува. Дали се Холанѓаните премногу вредни, или пак волшебници во националното хоби, ретко кој може да каже. Едно е сигурно, патувањето во Холандија го продолжува животот, ги буди сетилата, го чисти духот од грижи и Ве остава да се загубите во бескрајните обоени пејсажи, а неверојатната градина Кеукенхоф е олицетворение на земјата. Таа може слободно да се рече дека е малечка Холадија.
Доколку имате можност, посетете ја сега. Не губете ни малку време. Секое патување го збогатува животот на начин кој матријалните нешта не можат. Понесете со Вас фото-апарат, мал блок за скицирање, неколку дрвени боици и дозволете уметноста да си го направи своето.