Weerapong Chaipuck e фотограф кој патува низ Тајланд, Кина, Индонезија, Виетнам и Индија создавајќи прекрасни фотографии од животот на обичните селани кои живееат во оддалечени области. Наместо фотографирање на добропознатите места во тие земји тој со својот објектив нурнува длабоко во богатата култура на секоја земја со цел да се документира нивната реалност. На фотографиите што следат нема да видите туристички атракции, но затоа ќе го видите секојдневниот живот таму во комбинација со природата.