Неодоливо привлечна, атмосферична и бајковита – оваа чудесна мала колиба е како создадена за сонување, и со отворени и со затворени очи. Прекрасната рустична куќичка сместена е среде живописна природа во Полска, а дочекува со амбиент во кој чувствувате дека за момент сте побегнале од реалноста, и сте станале дел од некоја древна сказна. Топлиот, гостопримлив ентериер е уреден со светли нијанси на крем и бела боја, традиционални и класични парчиња мебел, и вистинско богатсво од слатки декорации и романтични украси. Секој детал наговестува дека ова место е создадено за мечтаење, во лежерен тон и со многу магија во секое катче. Надвор, пак, кокетниот двор е зелена оаза за уживање во убавините на природата и шармот на кантри идилата. Совршена викенд инспирација за сите сонувачи!