Откако го продаде својот дом во Малибу за 17.35 милиони долари, Леонардо ди Каприо од неодамна е сопственик на нов имот во Палм Спрингс.
“Волкот од Волстрит”, како во моментов е нарекуван американскиот актер номиниран за Оскар, за свој нов дом ја избра некогашната куќа на познатата забавувачка Дина Шор, купувајќи ја за 5.2 милиони долари. Куќата е со површина од околу 800 метри квадратни, а целокупниот имот сместен е на близу 1.34 хектари. Дизајнирана е од Доналд Векстер, и содржи шест спални соби, прекрасен базен, тениски терен и одвоена теретана. Ентериерот има отворен план на просторот, со елегантни линии и големи прозорци, низ кои е овозможен поглед на фантастично уредената околина – преубавото сино небо, величенствените планини и палми.
Погледнете како изгледа новиот дом на популарниот Лео!