После „бајките на дланка“ и “моќта на шминката“ денес Ви претставуваме комбинација од двете: приказни создадени со помош на шминка. Tal Peleg е уметник и шминкер од Израел кој ја менува идејата за вообичаената шминка за очите. Користејќи само шминка тој создава приказна на очните капаци. „Принцезата и зрното грашок“, „Заспаната убавица“, „Грдото пајче“ и многу други совршено се вклопени во областа околу очите.
Велат очите зборуваат погласно од устата, а со ваква шминка ние би рекле дека и раскажуваат свои приказни.