Секоја жена е убава, доколку го има вистинскиот стилист крај себе ;)
Дивиан Артс започнува соработка со Studio Allure и шминкерот Небојша Пешевски. Ги наградуваме нашите верни читателки со нов изглед оваа пролет. Првата трансформација ја започнуваме со Јасминка Апостолова од Скопје.
Дарко Петковски од Studio Allure реши да ја освежи косата на Јасминка со чоколадна боја која одлично прилега на нејзиниот тен и боб фризура како една од најтрендовските фризури сезонава.
Шминкерот Небојша Пешевски ги истакна нејзините прекрасни кафени очи со сребрено сиви тонови и зелена боја. Јакиот сјаен кармин за крај совршено се вклопи во новиот изглед на Јасминка.
Доколку сакате да го промените вашиот изглед со интересна трансформација од вистински професионалци пријавете се на фан страната на Studio Allure. Бидете смели и храбро експериментирајте. Среќно!