Покрај многуте предлози за Направи сам наменети на женската популација, веруваме дека денешниот предлог можеби најмногу ќе ги израдува најмладите од нашите читатели, при обидот да направат уникатен подарок за нивните мајки. Малку пари и многу љубов, за едно едноставно парче внимание кое подоцна може да се користи како мини несесер за шминки…
Потребно е:
– стар несесер
– кристали
– лепило
– светки
– пластичен сад
– четка
Во садот ставете лепило, па додадете ги светките. Промешајте со четката додека не добиете хомогена смеса. Следно, поминете со четката по целата површина на несесерот, при што ќе се погрижите да нема нерамни површини. Откако ќе се исуши, направете интересен дизајн со кристалите, со распоред кој наликува на цвет или круна. Оставете да се исуши 24 часа пред да го подарите. До осми март, има доволно време ;)