Ari Seth Cohen е фотограф кој фотографира жени кои и покрај годините живеат со стил. Станува збор за елегантни жени, од кои најмладата има 59, а најстарата има 102 години, кои Cohen ги среќава низ улиците на Њујорк. Водени од тоа дека вистинската убавина е безвременска, тие го негуваат својот вкус и стил низ текот на годините. Овие госпоѓи не лажат за нивната возраст, не ја кријат побелената коса и не трошат пари на пластични хирурзи. Тие го живеат животот горди и задоволни од самите себе. Тие не биле изненадени кога Cohen ги запира и ги прашува дали може да ги фотографира, бидејќи тие се навикнати да привлекуваат внимание со својата оригиналност. Некои од нив дури го покануваат во нивниот дом. Прекрасни се, зар не?
Погледнете и Баби близначки со стил…