Денешниот избор за Фото на денот е од областа на WOLF ADEMEIT, или Уметноста на животните. Слоновите, силни како карпа, но со срце помеко од памук се неисцрпна инспирација на фотографите кои се занимаваат со овој стил. Самиот концепт на фотографијата е динамичен, а позадината темна, за совршено да се истакне специфичната дебела кожа на слоновите, која потсетува на пресушено парче земја.