Минималистички уредено, а сепак толку модерно и шик: ова фантастично поткровје воодушевува со стилот и одличниот дизајн. Пентхаусот е со вкупна површина од 76,5 метри квадратни, што не е толку голем простор, но затоа отворениот распоред му дава многу простран изглед, компактност и поврзаност помеѓу сите простории. Ентериерот е едноставен, но мошне отмен, пријатен и стилски среден, со малку мебел, светол дрвен под, камин, изложени рустични греди и интересни детали кои ја зачинуваат белата основа. Високите тавани му овозможуваат да биде конципиран на две нивоа, со паметен план за искористување на квадратурата. Дневната соба, кујната и трпезаријата комуницираат на долното ниво, додека лежерната спална соба е сместена на горното ниво. Со шарм кој само поткровјето може да го понуди, овој прекрасен нордиски стан е уште еден пример за убавина и функционалност во минималистичко издание. Лежерно, атмосферично и неодоливо привлечно – инспирирајте се!