Внимавајте! Ова се фотографии на двајца вљубени направени пред да се сретнат. Мислите како е можно тоа? Накратко ќе Ви ја раскажеме приказната на Aaron и Rosie. Aaron е млад и креативен фотограф кој живее во Америка, заедничко со Rosie e што и таа е фотограф, но живее во Велика Британија. Се забележеле меѓусебно преку интернет. За два месеци, како што вели Rosie, тие станале зависни еден од друг. Оддалечени со илјадници километри еден со друг, тие сепак заспивале заедно зборувајќи на телефон. Сепак, тие направиле чекор повеќе да ја намалат оддалеченоста меѓу нив создавајќи фотографии на кои изгледаат како вистинска двојка. Најправин Rosie го правела нејзиниот дел од фотографијата, за потоа Aaron да го дополни со себе и да направи да изгледа како вистинска фотографија на вљубена двојка. Преку фотографиите тие како да го доживеале првиот бакнеж, прегратка, караница… и најважно од се ја зацврстиле својата љубов.
Првата нивна средба се случила на 14 февруари оваа година, после 9 ипол месеци љубов преку фотографии. Прекрасно.