Мало потсетување на една декемвриска ноќ во 1959 година и една никогаш непрежалена, платонска љубов: По, млад писател, стои заклучен во својата самотија во една хотелска соба со шише алкохол и спомени кои го прогонуваат. Неговата тивка опсесија е прекината во моментот кога тој добива неочекувана посета од едно мало, црно суштество со пердуви и клун. По се врти кон птицата – бара одговор, инспирација, надеж дека некогаш ќе биде соединет со својата вистинска, неостварена љубов. Ленора. Но, птицата студено возвраќа во морничаво ехо… „nevermore“. Улогите се доделени на Christopher Saphire и Anna Healy, под режија на Don Thiel и Chris Saphire.
Добитник на три награди на H.P. Lovecraft Film Festival 2011, за најдобар краток филм, најдобар актер и најдобра монтажа, оваа верзија на „Гарванот“ вреди да се погледне како потсетување на мрачната поема.