Од тимот на Moonbot Studios кој е награден со Academy Award доаѓа ново остварување кое ја отелотворува во анимација магијата на раскажувачите, пронаоѓачите и техничарите; затекнати да работат во креативна синхронизација за да создадат совршена кино-приказна.
Двајца улични изведувачи се главни ликови во ова “Silent” видео, човек и девојче кои сонуваат да ја покренат својата визија за слика+звук. Кога ќе откријат нов свет во стариот театар, започнува една филмска авантура без публиката која цел живот тежнеат да ја имаат. Овој краток анимиран филм дебитираше на Scientific and Technical Academy Awards минатата недела.