Што би помислиле за информацијата дека авторот на „Малиот принц“ избришал референци од крајот на својата книга во кои се спомнува Њујорк и Рокефелер центарот? Точно таа страница е содржана во оригиналниот ракопис на Антоан де Сент Егзипери, французинот во чија чест се одржува голема изложба во Morgan Library and Museum, цели 70 години по нејзиното објавување, пренесува Huffington Post.
“The Little Prince: A New York Story” е името на изложбата, која е отворена од 24 јануари, која содржи 25 од неговите акварели и 25 страници од неговата, во голема мера, ревидирана конечна верзија која брои 140 страници во мал формат. Некои од посетителите може да се изненадат од фактот што освен што „Малиот принц“ е преведена на 250 јазици и дијалекти, своето прво издание го доживува во Њујорк, местото на изложбата – “Reynal and Hitchcock” ја издава на 06.04.1943 година.
„Поради фактот што ракописот не води назад кон моментот на создавање, сакавме да поставиме изложба синхронизирана на местото и времето на создавањето“, вели Christine Nelson, куратор на книжевни и историски ракописи во музејот. Дава објаснување дека книгата всушност, е напишана во Њујорк за време на војната и дека авоторот не успеал да ја види својата книга објавена во Франција поради својата смрт во 1944 година. Авантурите на малото момче кое патува кон земјата додека посетува други планети, останува да порачува – „она што е важно останува невидливо…“.