Во туристичките каталози, за новата француска колиба ,,Chalet iGloo” ќе прочитате дека важи за едно од најубаво стилизираните, но и најкреативните места на Алпите. Не е за зачудување, бидејќи атрактивниот модерен дизајн и необичната архитектура во комбинација, се предностите кои го издвојуваат ова чудесно планинско катче од многубројните други слични на него. Се наоѓа во Морзин, Франција, на идеална локација која го нуди најдоброто од алпската идила. Првото нешто што ве импресионира уште при самото влегување е прекрасната светла дневна соба, полна со моден сјај и големи прозорци на ѕидовите, од кои се наѕираат волшебните глетки на планинските пејзажи. Внимателно осмислениот модерен декор и интересните текстили создаваат лежерна атмосфера во ентериерот, налик на пријатно арт-кафе. Спалните соби се едноставни, во минималистички стил, но не отстапуваат од одличниот вкус.
Модна колиба на Алпите
Совршено место за одмор на млада и софистицирана душа.