Малечкиот Јоханес стои на клупа на постојка, некаде во Осло, Норвешка. Тротоарот е прометен со луѓе, додека времето е студено со снег… што би направиле ако гледате дете кое се смрзнува?
Овој краток филм е комбинирање на неколку секвенци од скриена камера, каде што секој од затекнатите во ситуација на свој начин се справува со својата човечност и детето кое стои на студот. Направен да ја подигне свеста за ситуацијата на децата во Сирија, како и да се соберат средства за СОС Детските села преку зимската кампања „Децата во Сирија смрзнуваат, испратете СМС и донирајте јакна“.