Пријателството Owen и Haatchi го освои светот. Овие две другарчиња се слични во разликувањето од другите. Во своите маки се секогаш тука еден за друг.
Owen е седумгодишно момче кое го има Schwartz-Jampel-овиот синдром, кој се јавува многу ретко и самиот по себе носи последица од постојана тензија на мускулите, што значи дека тие никогаш не се релаксираат. Како што неговиот татко во видеото кажува, Owen живее постојано во болки, што таа состојба за него настанала нормална.
Haatchi е куче спасено од сообраќајна несреќа на воз, во која ги има загубено едната задна нога и опашката. Семејството на Owen кога го виделе ова куче, почувствувале дека тоа ќе биде вистинскиот семеен пријател. Го посвоиле Haatchi, а Owen добил нов пријател.
Ова е навистина една инспирирачка приказна за тоа како судбината секогаш ни ги испраќа потребните нешта во најтешките моменти за да не разберат, утешат и едноставо да се тука за нас.