Многу одамна сите чувства и човекови каракетристики се нашле на суд. Обвинети дека му наштетиле на човекот.
Љубомората била обвинета за уништување на љубовта;
Љубовта за поматување на умот;
Тврдоглавоста за заслепување;
Гордоста за преголемо его;
Омразата за запоседнување на неговото срце;
Добрината за подложноста на искористување;
Лутината за уништување на душата;
Тагата за солзи во очите;
Амбициозноста за газење се’ пред себе;
Наивноста за газење на самиот себе…
Имало и други обвинети и сите биле прогласени за помалку или повеќе виновни. Но сепак, пуштени на слобода. Внимавајте на кој „злосторник“ ќе му се предадете.