Како што читателите знаат, независно од нивниот вкус, прочитале барем еден наслов што ја третира интригата на илуминатите. Но, всушност, ниту една од нив не обезбедува светлина – се’ додека не се појави концептот на Studiomeiboom, која ја искомбинира идејата на светилка во форма на книга.
Книгата која стои паралелно со останатите книги, не оддава впечаток дека врши различна функција од останатите книги. Оваа книга, не само што ќе Ви помогне да се снајдете во темнината, туку ќе Ви послужи практично за ноќното читање. Освен тоа, со купување на овој продукт, давате поддршка за едукативни проекти кои ги организира холандската хуманитарна организација Edukans.