За привлекувањето на аматерите и професионалците во пливањето, Sony и нивната маркетинг агенција, DraftFCB доведоа сосема свеж уред на пазарот, Bottled Walkman. Овој водоотпорен MP3 плеер се продава во шише наполнето со вода и е огромна атракција во последниот период.
Sony најде начин како успешно и брзо да ги продава овие плеери, поставувајќи ги во vending-апарати кај спортските базени и фитнес клубовите.