,,Душо, студено е надвор!’’ гласи впечатливата порака со која дочекува во ентериерот ова станбено катче, совршено опишувајќи го се ‘ она што може да се открие во него. И, навистина, кој би сакал да се одвои од топлината на овој дом, кога е толку неодоливо убав, пријатен и гостопримлив? Мини двособен стан со скромна површина од 46 метри квадратни, кој е вистинска лекција за стилско и паметно уредување на мали простори за живеење. За комфорот и топлиот амбиент заслужни се двата камина – еден во дневниот престој, еден во спалната соба, прекрасниот дрвен под и изборот на првокласни квалитетни материјали за дизајнирање на сите простории. Дневната соба и трпезаријата се сместени во отворен план, кој е удобен и беспрекорно стилизиран, со фини детали кои се гламурозен микс на златни, сребрени и бакарни нијанси. Остатокот од мебелот е во нежни и неутрални тонови, кои одлично се вклопуваат во опкружувањето. Кујната е мала и минималистичка, но модерно екипирана, целата во елегантно бело руво. Пронајдете ја вашата омилена идеја!