Kirill Oreshkin е руски фотограф кој ги документира неговите авантуристички и крајно опасни искачувања на високите градби. Како и за многуте урбани искачувачи, така и за Kirill не постои безбедносна мрежа или страв, едноставно се ужива во адреналинот и меморирање на истиот со фотографии.
Прекрасни фотографии на опасни височини, но на ликот на Kirill не се забележува страв, ниту било каков израз на непријатност. Што е тоа што го мотивира да ги создава овие фотографии? Единствениот одговор кој ни паѓа на ум е создавање уникатни фотографии од себе и зависноста од адреналин. Се согласувате?