Сезонскиот мраз во снежната Лапонија во преубавата Шведска е идеален предизвик за креација на музички инструменти. Склуптурот Tim Linhart изработи виолина, виола, чело, контрабас, банџо, мандолина, гитара, тапани и ксилофон за опуштени свирки во Gigantic Cosmic Igloo. Концерти ќе се одржуваат се до почеток на Април, а не би било лошо да облечете некој екстра џемпер, за полесно да се поднесат зимските температури.