Каде и да го свртите погледот во овој раскошно уреден стан, останувате восхитени од елеганцијата и луксузот со кои е стилизиран до совршенство. Инспирацијата пристигнува од секогаш убавите скандинавски ентериери, во префинетото станбено катче лоцирано во Стокхолм, Шведска. Концептот на кој се заснива неговиот дизајн е контрастниот однос помеѓу белата боја и темните тонови, со што е постигнат уникатен изглед на ентериерот, со многу стил и гламур, а сепак спакуван во комфорно издание, со исклучително пријатен амбиент за живеење. Комбинацијата на црната и белата боја, надополнета од богатите земјени нијанси, деликатно се проткајува во секоја просторија, па дури и во спалната. Иако се оддалечува од класичниот стил и популарниот избор на бои, во овој случај нималку не е изгубено од лежерноста и интимноста во катчето за спиење и релаксација. Мебелот и декорот се модерни и минималистички, но мошне ефектни, следејќи ја во целост софистицираната нота на целокупниот ентериер. Луксуз во елегантно пакување!