Lora Zombie е самоука сликарка од Русија која како да излегува од правилата на сликање и создава урбани дела. Се препушта на чувствата, не се држи до одредена техника туку го слика она што го чувствува. Понекогаш почнува да слика без никаква идеја не знаејќи што ќе излезе до самиот крај. Погледнете го видеото и неколку нејзини слики кои ги издвоивме за Вас.