Обично, фото-серијалите секогаш во себе кријат длабока приказна која евидентно може да се прочита од сликовитиот приказ на настаните, независно дали истата брои 5 или 55 фотографии. Денешниот пример е врзан за инспирацијата на фото-серијалот, затоа што истиот не раскажува приказна – туку, приказната говори од секоја фотографија поединечно.
Минатата недела, обележувањето на National Storytelling Week беше најдостојно прикажано преку објективот на тимот кој себеси се претставува како Venture Photography и чии главни ликови од книгите за Хари Потер, Хрониките на Нарнија, Петар Пан и многу други беа позајмени од неколку слатки бебиња. Дека зборови повеќе не се потребни, Ве препуштаме да ги разгледате фотографиите!