Во животот нема реприза, секој момент е неповторлив и единствен. Токму затоа фотографијата е значајна бидејќи го овековечува моментот. Vadim Dmitriyev е млад фотограф од Флорида кој се посветил на фотографирањето на посебни моменти во нечиј живот. Се разбира денот кога двајца вљубени сакаат да ја заокружат својата љубов и да застанат на „лудиот камен“ е еден од тие моменти. Уживајте во фотографиите кои следат, можеби ќе добиете инспирација за Вашите свадбени фотографии.