Станарите од пензионерските домови во Есен, Милхајм и други градови од Германија, му докажаа на светот дека забавувањето нема апсолутно никаква врска со годините. Овие млади во срцето пензионери, си поиграа пред камерите, создавајќи неповторлив календар од филмски сцени, омилени на пензионерите.
Овие “филмски ѕвезди” реконструираа некои од најпознатите класици, како Titanic, Breakfast at Tiffany’s, The Seven Year Itch, Saturday Night Fever… Единствената разлика е дека “филмските ѕвезди” се меѓу 75 и 98 години.
Периките, костумите и шминката им помогнаа на овие авантуристи да претворат себе си во познатите актери како James Dean, Audrey Hepburn и Patrick Swayze. Илузијата секако беше комплетна со фина доза на Фотошоп.
За жал, повеќето од нас единствено ќе можеме да уживаме дигитално во овие фотографии, бидејќи календарот нема да биде на продажба. Креиран, единствено како подарок за семејствата на пензионерите, вработените во домот и пријателите. Нас ни останува единствено надежта, дека исто на нивна возраст ќе бидеме забавни, полни со авантуристички дух и креативни.