Популарната американска актерка, Скарлет Јохансон, од неодамна е сопственичка на нова летна куќа во Хамптон, чија вредност се проценува на 2.2 милиони долари.
Новиот дом на русокосата филмска ѕвезда е двокатна куќа со површина од 325 метри квадратни. Сместена е на плац од 1.4 акри, на мирна локација во непосредна близина на резерватот Peconic Land Trust и националниот парк Napeague. Тивкото опкружување и лежерниот тон во кој е уредена куќата, и гарантираат спокој и приватност, за фин престој во пријатна атмосфера, по што трагала актерката.
По дизајнот, потсетува на студио, со отворен план на пространите катови, облагородени со топли и богати подови од борово дрво. Лизгачките врати се отвораат кон големиот двор, каде ја дочекуваат бескрајни палуби за сончање и базен. Во внатрешноста, пак, располага со четири спални соби и пет купатила. Главната спална соба има сопствен балкон и камин, а и трите гостински спални соби се со приватни тераси. Срцето на овој идиличен дом е прекрасниот ѕидан двоен камин.
Погледнете како изгледа приватниот рај на Скарлет Јохансон…