Колекција чиј обид да го сплоти вкусното со вредното, убавото со корисното и материјалното со магичното носи наслов Book Lover’s Chocolate, каде што истата е посветена на една маестрална комбинација на чоколадо и литература. Спакувана во рециклирана хартија која потсетува на ретка елеганција од стариот свет, а во суштина означува тврд повез на книга, Book Lover’s Chocolate содржи неколку вкусови кои се исполнети со чоколадна декаденција и привлечна магија.
Како создадени да Ве придружуваат додека уживате во Вашите омилени книги, ние сметаме дека цената од 20 долари од сет, односно 7 долари од парче нема да Ве спречи да порачате едно вакво слатко и автентично изненадување за престојниот празник на вљубените.