Што би рекол Lewis Carroll за толкувањето на Салвадор Дали за Авантурите на Алиса во земјата на чудата? Авторот почина во 1898 година, додека книгата е објавена во 1865 – Дали е роден во 1904, додека умира во 1989. Можеби Керол би се шокирал кога живописните бои на Дали ја илустираат длабоката зајачка дупка, но би се согласил дека надреализмот и фантазијата се повеќе од добри пријатели. Ова издание на Алиса во земјата на чудата било објавено во 1969 година, кога големиот уметник веќе уживал 4 децении глобална слава.
Всушност, AbeBooks минатиот месец заработи $20,000 за продажба на книгите потпишани од Дали, кои важат за најскап продукт со негов потпис. 12 оригинални илустрации и потпис, во одлична состојба со позлатени букви: ова ограничено издание е само едно од 2500 книги потпишани од големиот Дали.