Ретро стилот е повторно во мода. Доколку имате стар телевизор и сакате да го вклопите некако во ентериерот, еве неколку еколошки решенија кои ќе го подобрат вкусот на Вашиот дом.
Добриот стар телевизор може да го претворите во аквариум, бар, кревет за домашно милениче, осветлен излог за Вашите украси или пак совршрена мала библиотека каде ќе ги чувате старите добри класици.
Во случај да немате стар телевизор, нема никаква потреба ни да купувате. Посетете го локалниот отпад, таму сигурно ќе пронајдете еден. Само пуштете ја Вашата креативност да работи и усовршете ги своите мајсторки вештини.