Љубовта кон сцените на класичните филмови кај Siebe de Boer, холандски дизајнер, резултираше со нивна реконструкција во преубави 3D модели.
Уникатната архитектура во филмовите како Brazil, Gattaca и Rear Window го поттикна овој уметник да создаде неверојатна 3D колекција. На самите фотографии може да се увиди неговиот усовршен талент, добриот вкус и самата негова генијалност. Некои од нив се тотална копија на класичните сцени, додека останатите покажуваат поинаква нивна преспектива.
Boer истакнува дека уживал за време на својата работа, но дека е и навистина забавно да ги проучува омилените сцени “во живо” преку својот компјутер, набљудувајќи и воодушевувајќи им се на нивната убавина.